Еве како лесно да го приготвите домашниот мелем кој ќе ви помогне побрзо да се справите со непријатните и несакани разни рани и кожни заболувања.

Домашен природен мелем

Потребни состојки

  • 200 мл зејтин
  • 100 гр смола од зимзелени дрјва (бор, смрека, кедар)
  • 100 гр природен пчелин восок

Начин на подготовка

Доколку смолата е сува, сомелете ја во прав. Потоа, поставете ги сите состојки во тенџере и варете на воедна пареа 10 минути. Следно, додадете 2 супени лажици мед и варете уште 10 минути.

Додадете 1-2 грама прополис и варете дополнителни 10 минути. Мешајте постојано, а потоа отстранете го тенџерето од шпоретот, оставете ја смесата да се излади и на крај исипете во стаклена тегла.

Складирајте ја теглата во ладилникот. Овој домашен мелем дури помага и при проширени вени.