Акни на грбот: 6-те најчести причини и 6-те најдобри домашни совети како да се ослободите од нив

Акните можат да бидат предизвик за лекување, без разлика на кое место на телото ќе се појават, а спротивно на популарното мислење, истите може да се појавата на кожата и долго откако сте ги поминале вашите тинејџерски години, односно може да се појават на било која возтаст, од најразлични причини.

Акните можат да се појават на кој било дел од вашето тело, а еден од најчестите делови на телото каде се појавуваат е токму грбот.

Најчести причини за појава на акни на грбот и нивни симптоми

Причини за акни на грб

Симптоми

  • Мрсна кожа
  • Црнки
  • Бели дамки
  • Црвени дамки
  • Жолти гнојни мозолчиња 
  • Лузни 

Причини

  • Генетика: Проблеми со акните може да бидат наследни, односно некој од вашите родители претходно да имал вакви проблеми.
  • Лекови: Акните можат да се развијат како несакан ефект на некои лекови како одредени антидепресиви.
  • Хормони: Хормонските промени во тинејџерските години често се причина за појава на акни. Но, за жените после пубертетот, појавите на акни можат да бидат поврзани со хормонски промени што се случуваат за време на менструацијата и бременоста.
  • Пот: Потта, особено ако е заробена под тесна облека, може да ги влоши акните.
  • Стрес: Стресот не е директна причина за појава на акни, но може да биде фактор што придонесува за нивен развој.
  • Одредени видови на храна: Според Американската академија за дерматологија, постојат некои докази дека одредени јаглехидрати (на пример, бел леб, чипс од компири) за кои се знае дека го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, исто така, можат да придонесат за појава на акни. За некои, млечните производи исто така може да бидат предизвикувач на акни.

Како да ги третирате акните на грбот во домашни услови

Домашен лек за акни на грб

  • Туширајте се веднаш по вежбањето и посетата на теретана.
  • Редовно правете ексофлијација: Прочистувајте ја вашата кожа со редовна ексфолијација користејќи салицилна киселина за оваа цел.
  • Носете широка облека: Тесната облека може да ја иритира кожата, затнувајќи ја потта и нечистотијата во порите и предизвикувајќи акни.
  • Пробајте масло од чајно дрво: Одредени истражувања откриваат дека маслото од чајно дрво може да придонесе за дополнително елиминирање на бактериите што ги предизвикуваат акните. Може да го користите чисто или како дел од козметички производ.
  • Носете ја косата врзана: Избегнувајте го контактот меѓу косата и акните на грбот и исто така редовно мијте ја вашата коса
  • Хранете се здраво: Консумирајте повеќе зеленчук, овошје, цели зрна и протеини.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за акни на грб

На некои луѓе им е потребна дополнителна помош кога станува збор за чистењето на акните. Ако сте ги пробале домашните лекови и истите не ви помогнале или не ви помогнале во целост да се ослободите од акните, притоа сметате дека акните веќе ги имате подолго време и истите се во полоша состојба отколку на почетокот, тогаш неопходно е да посетите лекар.

Дерматологот, кој е специјализиран лекар за кожни заболувања, ќе ви помогне да ги утврдите точните причини и предизикувачи за вашите акни и воедно може да препише орални лекови или медицински креми.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.