Во ова домашно средство лесно може да ја ублажите и отстраните непријатната болка во зглобовите и нозете, а чудесниот ефект ќе го забележите по само неколку минути од нанесувањето на лосионот.

Рецептот за домашното лекарство потекнува од алтернативната медицина, а истото може да помогне како на возрасни, така и на деца.

Магнезиумов лосион против болка во нозе и зглобови

Потребни состојки

  • 2 супени лажици арника
  • 2 супени лажици коприва
  • 15 гр пчелин восок
  • 45 гр масло од шеа
  • 45 гр магнезиумово масло
  • 3 супени лажици гел од алое вера
  • 170 мл масло за готвење

Начин на подготовка

За да подготвите масло од арника со коприва, поставете во тегла 2 супени лажици сушени цветови од арника и 2 супени лажици исушени листови од коприва. Наполнете ја теглата и доадете 170 мл масло за готвење. Поставете ја смесата водена пареа, на слаб оган, да се готви 2-3 часа. По потребното изминато време, изладете ја смесата и прецедете го добиеното масло.

Потоа поставете го повторно маслото на водена пареа и додадете го изренадниот пчелн восок и оставете така, додека истиот не се целосно растопи. Направете го истото и со шеа путерот.

Потоа отстранете ја смесата од оганот и оставете ја да се излади.

Додека смесата се лади, во одделни садови поставете го магнезиумовото масло и гелот од алое вера. Истите поставете ги на водена пареа и штом и двете состојки ќе дојдат до соодветна температура (на пример, телесна температура), тогаш време е да ги комбинирате овие 2 состојки.

Потоа добиената смеса бавно додадете ја во претходно добиената смеса со пчелиниот восок и измешајте ги сите состојки заедно, употребувајќи миксер.

Мешајте дополнителни 3 до 5 минути, додека смесата не започне да се згуснува и да се лади.

Во однос на складирањето на добиениот лосион, избегнувајте ги металните садови и притоа, смесата складирајте ја во стаклен сад.

Лосионот ефикасно ќе ви помогне да се изборите со непријатната болка во зглобовите, бидејќи секоја состојка поединечно која влегува во неговиот состав, содржи моќни антивоспалителни својства кои ја блокираат ваквата болка.