Приготвувањето на кашкавал во домашни услови е неверојатно лесно. Немате потреба да користите оцетна есенција или сок од лимон, туку едноставно урда комбинирана со уште неколку едноставни состојки, кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна.

Домашен кашкавал

Вкупно време1 час
Оброк: Прилог
Кујна: Француска
Клучни зборови: кашкавал, урда, домашен кашкавал
Порции: 4

Состојки

  • 1 кг урда
  • 2 л млеко
  • 1 кафена лажица сол
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 1 јајце

Начин на подготовка

  • Исипете ја урдата во врело млеко и поставете ја смесата на слаб оган на 10 минути. Потоа поставете ја смесата во цедилка, покриена со завој-газа и добро прецедете ја сурутката.
  • Поставете ја смесата во сад, додадете ги јајцето, содата и солта и добро измешајте. Вратете ја смесата назад на шпоретот и варете уште 10-15 минути, додека да добиете цврста конзистенција.
  • Поставете го кашкавалот во сад и одозгра поставете некој тежок предмет. По 8 часа, домашниот кашкавал ќе биде готов. Љубителите на пикантниот кашкавал, во рецептот може да додадат и зачини по своја желба.