Да бидеме активни е еден од најдобрите работи што може да ги направиме за здравјето и негата на нашите зглобови, како и останатиот дел од телото. Но, лесно може да се настанат повреди, а тие неретко ги вклучуваат токму колената. Затоа денес ќе појасниме малку повеќе за онаа позната болка во коленото: 7 најчести причини за нејзина појава и 7 корисни совети како да ја третирате во домашни услови.

Најчести причини за болка во коленото и нивни симптоми

Причини за болка во коленото

  • Бурситис: Настанува при пад, повреда или воспаление на една или повеќе од ќесичките полни со течност наречени бурзи. Се манифестира со болка во коленото и негово отекување, укочување на мускулите и ограничување на движењето.
  • Исшачување на коленското капаче: Настанува кога коленското капаче се дислоцира и лизга од неговата правилна положба. Се манифестира со болка и оток на коленото.
  • ИТ синдром: Настанува кога илиотибијалното ткиво при коленото е воспалено како резултат на прекумерена физичка активност. Најчесто се случува кај професионалните спортисти и се манифестира со голема надворешна болка.
  • Раскинат менискус: Настанува кога при повреда се оштетува менискусот на коленото кој е одговорен за стабилноста на зглобот. Се манифестира со остра болка во коленото, отекување и вкочанетост при движењето.
  • Осгуд-Шлатер болест: Здравствена состојба која настанува кај младите, при растот и развојот на коските и зглобовите. Се манифестира со болка во предниот дел од коленото, болка под коленото и потешкотиите при движење и скокање.
  • Остеоартритис: Настанува со воспалување и отекување на ткивата околу зглобот на коленото, понекогаш поради прекумерена телесна тежина. Се манифестира со болка на зглобот.
  • Пателарен тендитис: Настанува со воспалување и иритација на тетивата на коленото. Се манфестира со болка и повремено чувство на крцкање на зглобовите кои не можат да се справат со носењето на телесната тежина.

Како да ја третирате болката во коленото во домашни услови

Домашен лек за болка во колено

  • Бурситис: Одмарајте колку што е возможно повеќе и не ја оптоварувајте зафатената болна зона со активност. Нанесете лед за да го намалите оток0т 48 часа откако симптомите ќе се појават. Направете топла купка.
  • Исшачување на коленското капаче: Одмарајте го коленото. Не ја повторувајте активноста што ја предизвикала повредата. Нанесете лед, како и топла облога на повредата. Најчесто коленското капаче само по себе ќе се врати во нормалната положба.
  • ИТ синдром: Одмарајте, нанесете облога од лед, од време на време протегнувајте и соодветно масирајте го коленото.
  • Раскинат менискус: Одмарајте го коленото и користете штаки како помагала при движењето. Избегнувајте секаков вид на активности што би ја влошиле болката. На секои 3-4 часа поставувајте облога од лед врз коленото и истата оставете ја да дејствува 30 минути. Поставете го коленото во крената, на повисока положба за да избегнете отекување.
  • Осгуд-Шлатер болест: Oдмарајте го зглобот и нанесете лед што ќе ја ублажи болката и отекувањето. Практикувајте протегнување на мускулите и заштитете го коленото. Болеста исчезнува кога коските ќе престанат да растат.
  • Остеоартритис: Консумирајте брокула, цитрусни овошја, риба богата со омега-3 масни киселини, лук, зелен чај и храна богата со калциум и витамин Д.
  • Пателарен тендитис: Избегнувајте било каква активност што предизвикува болка т.е неопходно е да ја намалите физичката активност. Нанесете лед веднаш по активноста што ја предизвикала појавата на болката.

Кога да посетите лекар?

Болка во коленото: 7 најчести причини за нејзина појава и 7 корисни совети како да ја третирате во домашни услови

Посетете лекар доколку болката во коленото е предизвикана од било каков пресилен удар или доколку болката во коленото е пропратена со значително отекување, црвенило и чувство на топлина околу зглобот.

Во кратки црти

Болка во коленото: 7 најчести причини за нејзина појава и 7 корисни совети како да ја третирате во домашни услови

Болката во коленото не е неретка појава и иако може да се појави и кај децата, сепак таа најчесто ги засегнува возрасните луѓе. Во поголемиот дел од времето, болката предизвикана од мала повреда исчезнува сама од себе со доволно одмарање на коленото, но неопходно е да се обрати внимание и доколку таа е силна, трае подолго време и се појавува значителен оток, веднаш посетете лекар.