Домашен кашкавал
Приготвувањето на кашкавал во домашни услови е неверојатно лесно. Немате потреба да користите оцетна есенција или сок од лимон, туку едноставно урда комбинирана со уште неколку едноставни состојки, кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна.
Оброк: Прилог
Кујна: Француска
Клучни зборови: кашкавал, урда, домашен кашкавал
Порции: 4
- 1 кг урда
- 2 л млеко
- 1 кафена лажица сол
- Половина кафена лажица сода бикарбона
- 1 јајце
Исипете ја урдата во врело млеко и поставете ја смесата на слаб оган на 10 минути. Потоа поставете ја смесата во цедилка, покриена со завој-газа и добро прецедете ја сурутката.
Поставете ја смесата во сад, додадете ги јајцето, содата и солта и добро измешајте. Вратете ја смесата назад на шпоретот и варете уште 10-15 минути, додека да добиете цврста конзистенција.
Поставете го кашкавалот во сад и одозгра поставете некој тежок предмет. По 8 часа, домашниот кашкавал ќе биде готов. Љубителите на пикантниот кашкавал, во рецептот може да додадат и зачини по своја желба.