Ана Бахур од Белорусија, имала тежок живот откако нејзините родители ја напуштиле од нејзиното раѓање. Таа се родила со горни и долни екстремитети кои не биле доволно развиени. Никој не сакал да се грижи за неа, па така таа израснала во дом за деца без родители. Таа го завршила своето средно образование и појавила интерес за компјутерски науки.  Бидејќи немала кој да и плати за да студира, таа почнала да работи на млади години, во локални продавници. Нејзиниот хендикеп не ја спречил таа да го запознае и Анатолиј, кој исто така страдал од хендикеп, полиомиелитет или познат како детска парализа.

 

Тие се венчале во 2008 година, со намера да основаат семејство. Ана наскоро забременила, но докторите немале убави прогнози за нејзиното неродено бебе. Тие ја убедувале да направи абортус, иако таа не се согласувала со нивните совети.

 

Ана со потешкотии  ја минала  бременоста, но родила здраво машко бебе, кое го крстиле Костја. Со неговото раѓање, таа се соочила со уште еден проблем. Докторите и социјалните служби интервенирале и таа била принудена да го остави малиот Костја во истиот дом за бездомници каде што израснала.  Надлежните сметале дека таа и нејзиниот сопруг не би можеле да одгледуваат дете во тие околности, со оглед дека двајцата се лица со хендикеп кои не би можеле да се грижат за своето чедо.

 

Ана и Анатолиј направиле напори за да докажат дека се способни да се грижат за својот син. Покренале јавна расправа, подлегнале на специјални психолошки и физички тестови и после 1 година си го вратиле своето дете дома. За нивниот случај дознала целата држава и оттогаш се превземени низа социјални мерки на кои им се нуди шанса на лицата со хендикеп да создаваат и одгледуваат семејство.

Малиот Костја денес има 8 години, расте и се развива како секое нормално дете. Нивниот дом редовно го посетуваат социјални работници кои им пружаат соодветна помош, а тие се среќно семејство.