Иако во последно време сме навикнати војвотката да ја гледаме во поедноставни комбинации, овој пат таа ги изненади сите со неверојатно елегантниот изглед.

Како вистинска кралица и како што доликува на светска личност, облечена во темносин кадифен фустан и притоа изглед надополнет со дијамантски накит, Кејт воодушеви на дипломатската вечер одржана во Бакингамската палата.