Диетата со качамак, која е предвидена да трае 4 дена, на вашето тело ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали, ќе ги исчисти цревата и ќе го забрза метаболизмот.

Токму ова ја прави идеално брзо решение за сите оние кои сакаат да изгубат неколку вишок килограми за кратко време. Комплексните јаглехидрати во комбинација со хранливите влакна на палентата се варат долго време, го стимулираат доброто варење и ја спречуваат појавата на опстипација, што е честа последица на брзите диети.

Исто така, палентата ќе помогне во ублажување на нивото на холестерол во крвта.

4-дневно мени:

Ден 1

  • 400 гр палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода.

Ден 2

  • Дуплирајте го менито од првиот ден.

Ден 3

  • 400 гр палента, салата од 300 гр марула, 200 гр свежа зелка, 2 моркови, малку сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло и за пиење – 2 литри вода и 3 шолји зелен чај без шеќер.

Ден 4

  • Дуплирајте го менито од третиот ден.

Рецепт за палента

Со цел палената да ви помогне да изгубите тежина, мора да биде приготвена без млеко, шеќер или путер.

Потребни состојки:

  • 50 гр палента
  • 200 мл вода
  • Половина лажичка маслиново масло

Начин на подготвка:

Нежно исплакнете ја неприготвената палента со чиста вода. Додадетње 200 мл вода во тенџере и додадете и малку сол. Откако водата ќе зоврие, додадете ја палентата.

Гответе на тивок оган 15-20 минути. Во текот на готвењето, додадете маслиново масло и промешајте.

Додека ја држите диетата, пијте многу вода и јадете мали порции кога се чувствувате гладни.