Докажано е дека бананите се корисни само за луѓето, туку и за растенијата, како за градинарските, така и за собните. Нивната тајна се состои во моќниот хранлив состав.

Благодарение на истиот, корите од бананите имаат позитивен ефект врз здравјето на растенијата, односно од истите може да се приготви домашно ѓубриво, неопходно за расадување.

Корите од бананите се богати со магнезиум, кој ја оптимизира фотосинтезата, доколку растенијата немаат доволно природна сончева светлина, додека пак растителните хормони ги зајакнуваат и обновуваат корените.

Употребата на корите од бананите значително го подобрува квалитетот на почвата, создавајќи здрава почвена микрофлора, што пак ќе ги направи растенијата поотпорни на разни заболувања. Корите од бананите го надополнуваат недостатокот од хранливите елементи.

Како да приготвите домашно ѓубриво од кори од банани?

Приготвувањето на домашното ѓубриво од корите од бананите е неверојатно лесно и многу едноставно. Неопходно е да ги исушите корите на начин кој вам најмногу ви е практичен: Со нивно поставување на балкон, на прозорец, на парно или во рерна. Може да ги исечете на парчиња или пак да ги искористите цели.

При засадувањето, поставете го ова домашно ѓубриво во почвата, а потоа засадете го растението. Не заборавајте внимателно да полевата со вода. Домашното ѓубриво приготвено од банана е најдобар помошник при одгледувањето на домашни и градинарски цвеќиња, модар патлиџан, домати и сончоглед.