Повеќето мали девојчиња имаат можност да сретнат “принцеза” само во “Дизниленд”, но ова девојче се запознава со една принцеза на улица во Сиетл. За време на фотосесијата на еден брачен пар, едно девојче и нејзината мајка поминаа покрај нив и девојчето помисли дека невестата е принцеза од нејзината омилена книга. Невестата како подарок и даде еден цвет од својот букет. Мајката на девојчето вели дека за нејзината ќерка таа секогаш ќе биде принцезата од книгата. Фотографот успеа да направи неколку слики од овој прекрасен момент.