Прашањето кое ги мачи речиси сите во моментот – Дали е безопасно и безбедно да се има интимни односи за време на пандемијата? Дали се пренесува коронавирусот по полов пат?

Бидејќи не смееме да го допираме лицето, кои (и чии) делови од телото можеме да ги допираме? Дали ќе настрада или ќе се подобри интимниот живот на луѓето во изолација?

Еве неколку одговори

Коронавирусот не е заболување кое се пренесува по полов пат, истакнуваат лекарите. Но, вирусот е во плунката и секретите на системот за дишење на заразените и се пренесува при директен контакт од човек на човек.

Во оваа смисла и еден бакнеж или орален интимен однос е еден од лесните начини на заразување, доколку еден од партнерите е носител на вирусот. Од СЗО сметаат дека аналниот интимен однос е исто така опасна зона.

Доколку еден од вас е заразен со коронавирус, неопходно е да стоите што подалеку еден од друг. Истовремено, доколку сте со нов интимен партнер, моментално ставете ги односите на пауза.

Но, доколку живеете со вашиот вообичаен интимен партнер, немате симптоми и не сте излегувале на места каде потенцијално може да се заразите, тогаш може да се забавувате и на одличен начин да го намалите стресот во оваа ситуација.

Љубовните експерти истакнуваат дека интимниот живот во домашна блокада не е лесна работа, но секогаш може да пронајдете време меѓу чистењето, перењето и готвењето и грижите за финансиите и да се опуштите со вашиот партнер. Во крајна сметка, ова е идеален период да ги подобрите вашиот односи со партнерот, да го зачините интимниот однос и на крајот од оваа криза, да излезете среќни и уште поисполнети.