Шпанскиот бренд Кампер го продолжува мотото на својата компанија да не ги следат слепо трендовите, туку да бидат први меѓу најоригиналните, а нивната нова колекција за Пролет/Лето 2019-та е и повеќе од уникатна. Интересна и дефинитивно малку луда.

Креативниот директор Ромеин Кремер вели дека инспирација за новата колекција дошла од естетиката и улогата на елементите, мебелот и апаратите во домот, кој го поврзуваат сопственикот со истиот. Соба по соба, инспирација не им недостасувало.

Погледнете го резултатот, дали и вие би ги носеле нивните нови креации?