Ако ви е доста од оваа ваша лоша навика и сте спремни конечно да ја избришете од вашиот живот, во прилог прочитајте неколку корисни и ефикасни трикови кои тоа ќе ви го овозможат тоа успешно да го направите.

Пушењето цигари денес прерасна во толку честа појава, нешто како и самото дишење, а скоро и да не познаваме човек што не ги пробал или пак, не е зависен од нив. Наши родители, пријатели, роднини или партнери, цигарите станаа неизбежен дел од животот и околината.

Истражувањата покажуваат дека за оваа лоша навика број еден виновник е стресот. Бурниот начин на живеење, притисоците на работното место, семејните проблеми, финансиите, сето тоа предизвикува стрес, а пушењето цигари веќе не се смета за навика, туку за никотинска зависност.

Доколку имате желба или подолго време неуспешно се обидувате да ги откажете, ова е вистинската статија за вас.

Следуваат неколку корисни совети со кои ќе успешно ќе ја искорените оваа негативна појава што ви го завзема здравјето и животот:

  • Направете прв мал чекор. Одредете специфичен момент кога ќе ја испушите последната цигара во денот. Испочитувајте го ова правило.
  • Штом ја почувствувате потребата да запалите цигара, веднаш напијте се чаша вода.
  • Заменете ги цигарите со јадење здрави ужинки како сушено или свежо овошје, јаткасти плодови и слично.
  • Парите со кои мислевте да си купите цигари, ставете ги во тегла и така секој пат. На крајот од годината ќе се изненадите од соберената сума.
  • Преокупирајте се со некоја активност што ви е омилена: Спорт, филмови, цртање и сл.
  • Ако сте под стрес, вежбајте или медитирајте и што е можно повеќе избегнувајте стресни ситуации.
  • Симнете ја апликацијата специјално дизајнирана да ви помогне да престанете со оваа навика. Истата може да ја симнете овде
  • За крај, доколку овие трикови не ве убедија, направете нешто поекстремно: Посетете ја најблиската болница со пациенти кои боледуваат од рак на белите дробови. Прашајте ги што сега мислат за цигарите. Одговорите и глетката нека ви бидат повик за разбудување.