Доколку ви здосадило држењето бројните диети, без никаков успешен ефект и резултат, тогаш ви предлагаме да ја пробате следната чудесна диетална комбинација од само 2 состојки. Со истата ќе може да симнете 2 до 5 кг, во зависност од вашата телесна тежина.

Станува збор за комбинација од хељда и кисело млеко. Хељдата е супер извор на протеини, витамини и железо. Ја подобрува состојбата на срцето и спречува дијабетес, при што го зајакнува и правите телото поиздржливо. Киселото млеко од друга страна, го зајакнува имунитетот, содржи високи нивоа на калциум, магнезиум, биотин и витамин Б12.

Овие две состојки комбинирани заедно ефикасно го прочистуваат организамот од вишокот токсини, го забрзуваат метаболизамот и придонесуваат за лесно губење на несаканите вишок килограми.

Диета со хељда и кисело млеко

Потребно е половина килограм хељда да се полее со 1,5 литри врела вода. Завиткајте го садот во кој е смесата, со парче ткаенина и оставете ја истата да отстои во текот на целата ноќ.

Приготвената хељда се дели на 5 порции. Првите два дена треба да консумирате само хељда, а потоа да го додадете и киселото млеко кон диетата. Од 4-от ден може да се додадат зеленчуци и овошје во дневното мени.

Оваа диета не треба да се држи повеќе од 2 недели.

Мени за еден ден

  • Појадок: 100 гр хељда и шолја црно кафе (по желба)
  • Ужина: 1 шолја кисело млеко и грст суво овошје
  • Ручек: 100 гр хељда, 200 гр зеленчукова салата приготвена со зејтин и 1 шолја чај
  • Ужина: Јаболка, краставица, домат или 1 шолја доматен сок
  • Вечера: 1 шолја нискомаслено кисело млеко и 100 гр хељда