Според научниците, во многу од хемиските средства за чистење се содржат ксеноестрогени кои навлегуваат во нашето тело и го нарушуваат хормоналниот баланс. Битовата хемија предизвикува уште алергија, ја иритира кожата, очите, опасна е за децата и домашните миленичиња.
Затоа најдобро е да користиме тестирани, евтини и безопасни начини за чистење.

Оцет

Растворен во вода во сооднос 1:10 е идеален за прозорци, огледала, стаклени површини, стаклени чаши. Со вода и малку оцет ќе ги измиете и подовите (освен мермер), мирисот исчезнува по половина час.

Ако пржите нешто или печете риба, непријатниот мирис ќе го отстраните со прскање малку оцет околу шпоретот или во рерната.

Оцетот се справува и со бигорот на метални површини, и им дава сјај.

Мувлата по ѕидови и плочките ќе се исчисти со оцет и сол.

Миризбата во фрижидер исчезнува по бришење со вода и оцет.

Домашниот и мобилниот телефон се идеално место за развој на микроорганизми, бришете ги редовно со крпа натопена со вода и оцет.

Сок од лимон

Сок од лимон измешан со сол отстранува дамки од ‘рѓа.

Со маслиново масло во сооднос 1:2 му дава сјај на мебелот.

Дамки од црвено вино брзо исчезнуваат, ако се чистат со лимонов сок или лимонтуз, растворлив во малку вода.

Сода бикарбона

Паста од сода бикарбона со малку вода ги отстранува мастите од шпоретот.

За да го исчистите тоалетот, истурете во него еднакви количини сода и оцет, а потоа исплакнете со врела вода.

Крпи од микрофибер

Крпите од микрофибер го чистат мебелот, прозорците, различни површини, монитори без никакви препарати, само со вода.

Етерични масла

Наместо да користите вештачки ароматизери, од кои боли глава, освежете го домот или автомобил со етерични масла , кои имаат и лековити својства.

По секое чистење прскајте ги подовите со вода од роза – таа освежува и ги чисти негативните енергии.

Маслото од лаванда делува смирувачки, антибактериски и ги бркаат молците од дома.

Растенија за прочистување на воздухот

Токсични материи во домот доаѓаат од мебел, малтер, изолација, бои, лакови, теписи, од препаратите за чистење, синтетички текстил, електроника, пластични и гумени производи. Растенијата кои го прочистуваат воздухот од овие отрови во домот, се индрише, бршлен, драцена, спатифилум, фикус, хризантема, маргарита, азалија.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/clean-571679__340.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/06/clean-571679__340-400x214.jpgDijana IlievaСоветиСпоред научниците, во многу од хемиските средства за чистење се содржат ксеноестрогени кои навлегуваат во нашето тело и го нарушуваат хормоналниот баланс. Битовата хемија предизвикува уште алергија, ја иритира кожата, очите, опасна е за децата и домашните миленичиња. Затоа најдобро е да користиме тестирани, евтини и безопасни начини за чистење. Оцет Растворен...Секој ден нешто свежо