Бритни Спирс ги одбележа култните 90-те години, бидејќи најголемите музички хитови беа испеани токму од неа, која стана омилен изведувач на повеќето, особено на младата популација.

Сега, според нејзиниот долгогодишен менаџер, Лери Рудолф, супер ѕвездата можеби никогаш веќе нема да настапува. Во неодамнешно интервју за TMZ, Лери го откри следното:

„Како човек што ја предводи нејзината кариера и врз основа на информациите кои ми се кажани мене и на останатите професионалци што работат со неа, очигледно е дека Бритни нема да настапува во блиска иднина, а најверојатно и никогаш повеќе тоа нема да се случи.“

Истовремено тој додава: „Минатото лето, која таа сакаше да направи турнеја, ми се јавуваше секојдневно. Беше возбудена. Сега со месеци ми се нема јавено. Јасно е дека сега не сака да настапува.“

Лери соработуваше со Бритни уште од самиот нејзин почеток, од нејзиниот прв албум „Baby…One more time“, во 1999-та година.

Менаџерот вели дека поминал скоро 2/3 од неговиот живот со супер ѕвездата и ја смета како своја ќерка. Бритни и порано ги имаше откажувано настапите, во текот на својата кариера кога се соочуваше со развод, а сега се шпекулира дека лошата здравствена состојба на нејзиниот татко е причината за откажувањето од кариерата.

Воедно, да се потсетиме на дел од нејзините најголеми хитови: