Состојката која ефикасно го забавува стареењето, се користи за подготовка на најразлични вкусни јадења, а најчесто служи и како зачин за видовите месо и зеленчуци.

Во древните времиња, се користела како лек за ќелавост, шум во ушите и ишијас, а денес е основна состојка во специјалитетите со тестенини и за десертите.

Стануа збор за сусамот, а еве каква моќ има тој врз женското здравје:

1. Постабилни нерви

Поради високата концентрација на фитостероли, што важи за хемиска структура слична на холестеролот, сусамот претставува моќен регулатор на мастите во крвта. Покрај тоа, фитостеролите го намалуваат ризикот од појава на рак и го зајакнуваат имунитетот.

Сусамовото масло е идеално за спречување на згрутчувањето на крвта, а поради лецитинот што го содржи, кој има неверојатен пријатен ефект, се препорачува и при состојба на психолошки замор и депресија.

2. Одличен за кожата

Сусамот е одличен и за кожата, бидејќи ги спречува развојот на бактериите, габичките и акните, ефикасно ги намалува белезите, ја лекува сувата кожа и ја штити чувствителната кожа.

3. Корисен при бременост

Сусамот е мултифункционален за здравјето на жените. Докажано е дека калциумот од сусамот ја намалува болката и спазимите во меките мускули и ги ублажува симптомите на ПМС. Сусамот е важен и при исхраната кај бремените жени, бидејќи има 7 пати повеќе калциум од млекото, а помага и при опстипација.