Иако многумина кога ќе почувствуваат болка во градите, прво нешто на што ќе помислат е срцев удар, всушност треба да знаете дека причините за појава на овој тип на болка може да бидат разни, но секако во ниту еден случај истата не треба да се игнорира.

Најчести причини за болка во градите и нивни симптоми

Проблеми со срцето

  • Конорарна артериска болест: Настанува со акумулација на атероматозни плаки, кои се создаваат поради холестерол и слично. Се манифестира со градна болка по поголем напор или консумирање потешка храна. Драматичен исход на болеста е срцев удар.
  • Срцев удар: Настанува при редукција на протокот на крв низ крвните садови на срцето со што го предизвикува умирањето на срцевите мускулни ќелии. Се манифестира со болка во градите која се појавува најчесто наутро, остра болка на левата страна од градите, потење, мачнина, потешкотиите при дишењето и сериозна изнемоштеност.
  • Миокардитис: Настанува со воспалување на срцевиот мускул, како резултат на инфекции или вируси. Се манифестира со силна остра болка во градите, треска, изнемоштеност, забрзано срцев ритам и отежнато дишење.
  • Перикардитис: Настанува со инфекција или воспалување на перикардот. Се манифестира со остра болка во градите, отежнато дишење и малаксаност. Градната болка влошува кога дишете, консумирате храна или лежите на грб.
  • Хипертрофична кардиомиопатија: Настанува поради абнормално растење на срцевиот мускул, што ја отежнува работата на срцето при пумпањето на крвта. Покрај градна болка, се манифестира со вртоглавица, зашеметеност, губење на свест и слично.
  • Митрален валвуларен пролапс: Настанува кога затворањето на митралната валувла при срцето е неуспешно. Се манифеситра со болка во градите, прескокнувања при срцевиот ритам, а може и да не искусите никакви симптоми.

Проблеми со белите дробови

  • Плевритис: Настанува при воспалување на белодробните листови на плеврата, како резултат на вируси, инфекции, претходни хируршки зафати на градниот кош, бактерии и слично. Се манифестира болка во градите, покачена температура, зголемено потење, изнемоштеност и кашлање.
  • Пневмонија: Настанува со воспаление на белите дробови предизвикано од инфекција, вируси, бактерии, габи, паразити и слично. Се манифестира со длабока градна болка, ненадејна висока температура, грозница, жолт или зелен искашлок.
  • Пулмонален емболизам: Настанува при со заглавување на тромб меѓу крвните садови на белите дробови. Се манифестира со забрзан срцев ритам и градна болка.
  • Пнеумоторакс: Настанува при повреда на градниот кош. Се манифестира со градна болка која се влошува при секое дишење и издишување и намален крвен притисок.
  • Астма: Настанува со воспалување на дишните патишта. Се манифестира со отежнато дишење, повремена градна болка и кашлање.

Гастроинтестинални проблеми

  • Гастроезофагеален рефлукс: Настанува кога содржината од стомакот се враќа назад во грлото, поради пушење цигари, бременост, зачинета храна, прекумерена телесна тежина. Се манифестира со чувство на горчелив вкус во устата, жаречка болка при грлото и градите.
  • Перфорација или руптура на езофагус: Настанува со создавање дупчиња на езофагусот. Се манифестира со ненадејна силна болка во градите и повраќање.
  • Чир на желудникот: Настанува со оштетување на гастроинтестиналната слузокожа. Се манифестира со силна жаречка болка, особено на празен стомак.

Проблеми со мускулите, коските и нервите

Причини за болка во градите

  • Проблеми со ребрата: Настануваат при фрактури на ребрата. Се манифесираат со градна болка при дишењето и е пропратено со кашлица.
  • Истегнат мускул: Настанува со воспалување на мускулите. Се манифестира со силна болка при градниот кош и кашлање. Болката може да биде постојана и со текот на времето да се влоши.
  • Херпес зостер: Предизикана од истиот вирус што предизвикува варичела. Се манифестира со остра градна болка неколку дена пред да се појави осип.

Други потенцијални причини за болка во градите

Како да третирате болка во градите во домашни услови

Домашен лек за болка во градите

Доколку градната болка е предизвикана поради проблеми со гастроинтестиналниот систме тогаш се препорачува да консумирајте бадеми, да поставите ладна облога на градниот кош, да консумирајте јаболков оцет и топли домашни напитоци.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка во градите

Посетете лекар било кога кога ќе почувствувате болка во градите, особено доколку истата се појави ненадејно или кога болката не се намалува ни по земање на соодветни антивоспалителни лекарства. Повикајте лекар ако наеднаш почувствувате притисок, интензивна градна болка, притоа повраќате, имате низок крвен притисок, температура, кашлате жолто-зелен исцедок и имате проблеми со голтањето.