Прекумерното седење пред компјутер и гледањето во мобилниот телефон најмногу влијае на вратот, рамената и горниот дел од грбот. Со текот на времето, позицијата на главата се менува и таа оди сè понапред, како и рамената, што го оптоварува цервикалниот ‘рбет и влијае на целокупното држење на телото, кое се влошува.

За среќа, постои еден неверојатно лесен начин да се поправи штетата и ефикасно да се поправи лошото држење на телото.

Станува збор за генијален и едноставен трик со пешкир осмислен од истакнатиот американскио киропрактичар д-р Алан Мандел од Флорида, кој ќе ви одземе само една минута за да почувствувате значително олеснување и подобрување.

Што треба да направите?

Вежбата се изведува со држење крпа со раширени раце, така што лактите се поставени под 90 степени. Растегнете ја крпата со вовлекување на вашите лопатки и така држете околу 10 секунди, опуштете се и потоа повторете ја вежбата. Ќе почувствувате мало чувство на печење помеѓу лопатките. Повторете неколку пати во рок од 1минута и брзо ќе почувствувате дека мускулите меѓу рамената и вратот се зајакнати, а тоа исто така ќе влијае поправилно да го држите вашето тело.