Кои секојдневни навики предизвикуваат болки во грбот?

Околу 8 од 10 луѓе имале болка во грбот барем еднаш во својот живот.

Болки во грбот се најчеста поплака на луѓето во денешно време. Причините за болка може да се разни, на некои дури не можеме многу да влијаеме, но нашите лоши навики дефинитивно не помагаат во борбата против болките во грбот. Ова се неколку навики кои секојдневно ги правиме, а се лоши за нашата постура и придонесуваат кон создавање болки во грбот.

Предолго седење

Повеќето од нас знаат дека неправилното и предолго седење предизвикува болки во грбот, а ретко кој од нас седи правилно со исправен грб и рамена вратени наназад. Дали тоа се случува поради работата, поради задоволството од користење на компјутер или поради мрзеливост, не е важно. Седењето е голем непријател на грбот, затоа што создава за 40% поголем притисок врз грбниот столб, во споредба со стоењето. Како да си помогнеме? По секој половина час седење, станете, прошетајте две минути низ просторијата, истегнете го вратот, грбот и рамената, потоа седнете и имајте на ум дека грбот треба да ви биде исправен, вратот не премногу навален и рамената наназад така што градите ќе бидат отворени.

Високи потпетици

Ако имате обичај да носите високите потпетици, најверојатно ќе страдате од болки во грбот. Високите потпетици предизвикуваат свиткување на грбот и ги натоваруваат грбните мускули при  што може да предизвика ишијас. Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење, носење на обувки на висока потпетица, истегнување на мускулите, подигнување на голем товар, вишок килограми. Како да си помогнеме? Не значи дека треба да заборавите на високи потпетици, но обидете се да го намалите времето кое го поминувате во нив. Доколку пешачите долго, изберете соодветни удоби чевли.

Тешка чанта

Повеќето од нас носат преголеми чанти во кои може да се најде сè, и тоа најчесто непотребни работи кои немаме потреба да ги влечкаме наоколу. Кога носите тешка чанта, немате баланс и едното рамо останува погоре од другото, истото се случува кога носиме ранец преку само едното рамо. Така вашиот грб се искривува и вие чуствувате болка. Како да си помогнеме? Одберете мала и лесна чанта во која има само основни работи и редовно менувајте ја страната на која ја носите. Ранецот носете го преку двете рамена.

Стар душек за спиење

Ако чувствувате болка во грбот и не можете да ја откриете причината, размислете добро колку е стар душекот на којшто спиете и во каква положба најчесто спиете. Експертите велат дека душекот за спиење треба да се менува на секои 10 години. Како да си помогнеме? Изберете душек кој не е премногу мек ни премногу тврд, и обрнете вниманија во која позиција спиете. Спијте на грб или ако ви е поудобно, спијте на едната страна, но држете ги нозете потсвиткани во колената, но не свртени на стомак.

Стрес

Стресот на невро-мускулно ниво се презентира преку напнатост на мускулите и тетивите, која натаму се пренесува и на нивните спојки со покосницата од коските. Болката во грбот, вратот и главата се најчести и најшироко распространети видови на болка предизвикана од стрес. Како да си помогнеме? Првиот чекор е да го индетификуваме стресот како причинител за болка, потоа полека да се ослободиме од него. Може да практикуваме анти-стрес програми, медитации или едноставно долги прошетки во природа. Активното истегнување и опуштање на мускулите исто така се докажани непријатели на стресот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.