Ќе ви откриеме една тајна со која ќе се чувствувате како 18-годишни. За тоа ќе ви бидат потребни само две состојки – мелено кафе и млеко.

Потребни ви се:

мелено кафе, подобро е да користите домашно кафе (турско)

млеко, препорачуваме да користите млеко со ниска масленост, бидејќи кафето содржи доволно масти

чаша (сад) – за мешање

лажица или шпатула – за нанесување и отстранување на маската. Користењето на четка не е пожелно, бидејќи честички од кафето може да останат во влакненцата.

Начин на подготовка и користење:

1. Ставете го кафето во сад и додадете го млекото. Треба да се добие густа паста, затоа не претерувајте со количината на млеко.

2. Нанесете ја маската на лицето обилно, избегнувајќи го пределот околу очите.

3. Почекајте 15-20 минути, додека хранливите материи го покажат својот ефект врз кожата.

4. Исплакнете темелно со топла вода.

Благодарение на регенераторните својства на кафето, кожата на лицето се подмладува, се подобрува циркулацијата и се освежува тенот.