Чистењето на тоалетната школка е можеби најмалку омилената обврска на сите, но одржувањето на нејзината хигиена е од огромна важност. За оваа цел, во продолжение ви откриваме како тоа најлесно да го сторите.

Домашни тоалетни бомби

Ќе ви биде потребно

  • 3 супени лажици сок од лимон
  • 160 гр сода бикарбона
  • Половина шолја оцет
  • 20 капки етерично масло по избор
  • 100 мл хидроген

Начин на подготовка и употреба

Подгответе 2 сада. Во едниот сад измешајте ја содата со сокот од лимон, а во другиот сад, оцетот и хидрогенот. Со додавање малку по малку од смесата со содата во смесата со оцетот, измешајте ги сите состојки заедно.

На крај додадете неколку капки од етеричното малсо и повторно добро измешајте ја смесата.

Користејќи лажица, оформете топки од смесата. Истите поставете ги на хартија да се исушат, најмалку 4 часа или во текот на целата ноќ. Топките складирајте ги во затворени стаклени садови.

По потреба, кога ќе дојде ред за чистење на тоалетната школка, едноставно пропуштете една од топките во казанчето и тоа е сè.