Лесен, вкусен и најважното, диетален! Едноставно нема како да не ви се допадне. Доволно е само да ги измешате сите состојки, додека рерната се загрева, а потоа брзо да го испечете. Вашите најблиски ќе бидат воодушевени!

Диетален колач од банани, со 1 јајце и кисело млеко, на кој никој не може да му одолее

Лесен, вкусен и најважното, диетален! Едноставно нема
како да не ви се допадне. Доволно е само да ги измешате сите состојки, додека
рерната се загрева, а потоа брзо да го испечете. Вашите најблиски ќе бидат
воодушевени!
Вкупно време30 минути
Оброк: Dessert
Кујна: American
Клучни зборови: урда, диетален колач, колач, банани
Порции: 4

Состојки

  • 5 банани
  • 1 лимон
  • 200 гр урда
  • 100 гр кисело млеко
  • 30-50 гр мед
  • 1 јајце

Начин на подготовка

  • Излупете ги бананите и исечете ги на половина по нивната
    должина, а потоа нанесете сок од лимон врз истите. Така поставете ги во тава за
    печење.
  • Измешајте ја урдата со јајцето и киселото млеко, со помош
    на блендер, а добиената смеса исипете ја врз бананите.
  • Печете околу 20-30 минути, на 180°C.
  • Дајте му малку на вкусниот десерт да се излади, а потоа
    сервирајте го. По желба, одозгора може да нанесете и малку мед.