Овој домашен рецепт е исклучително ефикасен при кашлица, бидејќи помага во побрзо исфрлање на секретите и го смирува грлото на долг временски период.

Домашен лек против кашлица

Потребни состојки

  • 150 гр шеќер
  • Половина литар пиво

Начин на подготовка

Во длабок сад поставете го шеќерот да се растопи, додека да добие боја на карамела. Отстранете го садот од оганот и потоа додадете го пивото. Бидете внимателни, бидејќи смесата ќе започне да врие.

Вратете го садот на оганот и варете на ниска температура, притоа непрекинато мешајте, додека шеќерот да се растопи целосно. Потребно е варењето да трае 15-20 минути, додека смесата не започне да наликува на течен мед.

На крај, готовата смеса складирајте ја во мала тегла. Кога ќе се излади, истата ќе биде густа како мед.

Начин на употреба

Возрасните може да консумираат по 1 супена лажица неколку пати на ден, додека пак, за малите деца се препорачува по 1 кафена лажица.