Во трката за совршеното тело, важно е да не се преминува границата, бидејќи желбата лесно може да прерасне во навика, а навиката во болест.

Психичкото и физичко нарушување настанато како резултат на откажување од храната, односно анорексија, е сериозно заболување кое може да доведе до фатални последици.

 

Иако луѓето кои страдаат од анорексија се под постојан лекарски надзор и специјален третман, понекогаш за нивно оздравување може да им помогне и најневеорјатното нешто, како на пример- чоколадата.

Откажувањето од благото е првата работа која треба некој да ја направи, доколку одлучи да слабее и да се храни здраво. Но, понекогаш консумирањето на благо може да прерасне во слатка навика, па дури и да спаси живот. Таков е случајот со 21-годишната Британка, која ја победи анорексијата со помош на чоколада.

21-годишната Ени Виндли, од Дербишир, започнала да страда од анорексија кога имала само 15 години. Следните 5 години, девојката буквално преживувала на корка леб со џем. Како последица на екстремниот начин на исхрана, Ени неколку пати била хоспитализирана.

Кога во Октомври, 2017-та година, повторно пробала чоколада, животните навики на Ени започнале да се нормализираат. Девојката сфатила дека нема ништо страшно од време на време да ужива во чоколадните задоволства.

Признава дека кога ја достигнала најкритичната точка на анорексијата, не поднесувала да биде во иста просторија во која имало храна. Започнала да се откажува од млечните производи, јаглехидратите и месото, а анорексијата започнала да влијае не само на здравствената состојба, туку и општо на нејзиниот живот, при што од одличен ученик стасала до ученик со многу лош успех.

„Сакав да се вратам назад на претходниот живот, да престанам со нездравите навики. Дури сега кога се сетам, се натажувам дека едни од најубавите години од својот живот ги изгубив бесцелно.“- објаснува Ени.

Денес здравствената состојба на младата девојка значително е подобрена, а користејќи ја предноста на социјалните мрежи, се обидува со раскажување на своето лично искуство да им помогне и на останатите кои моментално поминуваат низ истото.