Официјално отворена на 31-ви Март, 1889-та година, по повод светската изложба во Париз, овој викенд Ајфеловата Кула полни 130 години. Во прилог накратко прочитајте за нејзината историја и како утре ќе биде прославен роденденот.

Со организирани игри, музика на секој под и портретска изложба, оваа роденденска прослава ќе биде вредна и легендарна за посетување, на тлото на Градот на Светлината- Париз.

Во далечната 1889-та година, на 31-ви Март, џиновската железна кула го украде вниманието, погледите и целиот хоризонт и неверојатниот концепт на Густав Ајфел конечно оживеа. Кулата беше поставена на Шанзе де Марс, а претставена по повод годишната светска изложба.

Она што се предвидувало по 20 години од поставувањето да се отстрани, стана симбол на Париз, привлекувајќи милиони туристи секоја година.

Од ресторанот на првиот кат до станот на Густав Ајфел сместен на третиот спрат, Ајфеловата кула крие многу мистерија во нејзините 300 метри височина, а искачувањето по неа е еден вид париска традиција.

За одбележување на 130-от роденден, Ајфеловата кула има подготвено специјална викенд-агенда за своите посетители.

За љубителите на Шерлок Холмс, ќе бидат организирани посебни авантуристички игри, со решавање загатки, скриени на првиот кат од кулата и во околните градини.

А што би била една забава без музика?

Првите два ката од Ајфеловата кула ќе бидат оживеани со марширачки бендови кои ќе започнат да свират помеѓу 18 и 21 часот.