Претходниот пат  читавте за 7 извонредни, но помалку познати промени после породувањето,  како промената на вашата боја на коса или фантомските фетални движења, а сега следуваат уште 7 вакви промени, за кои сигурно не знаете, а ви се случиле.

1. Гласот ви се менува

По породувањето, гласот на жената станува понизок и повеќе монотон. 1 година потоа, истиот се враќа во нормала. Ова настанува како резултат на хормонски промени.

2. Пораст на нивото на анксиозност

Иако младите мајки постојано добиваат совети како треба да останат смирени, сепак тоа е невозможно. По добивањето дете, истите стануваат многу по свесни и по загрижени.

3. Мозокот ви работи подобро

Научниците откриле дека жените по породувањето стануваат попаметни. Мозокот станува поголем за да ги задоволи потребите и на мајката и на детето, за време на бременоста.

4. Телото станува спремно за нова бременост

Истражувањата покажале дека регултаторните Т-клетки кои се одговорни за животот на фетусот, остануваат во телото на жената и по породувањето во наредните 4-5 години, при што доколку се случи втора бременост во тој период, телото е веќе поспремно за разлика од првата бременост.

5. Врската со бебето се формира на физичко ниво

Физичката поврзаност со бебето не престанува по породувањето. Канадски научници откриле дека дел од клетките на бебето остануваат и во организмот на мајката.

6. Телото се обновува

Ова е благодарение на крвта на фетусот, која го започнува регенерирачкиот процес во телото на мајката.

7. Ризикот од рак се намалува

Механизмот кој ја штити жената од некои видови на рак се активира по породилниот процес.