Уметноста е луда, навистина луда! А кога бесконечната фантазија ќе се спои со реалноста, резултатот е неверојатен. Во продолжение погледнете зошто овој уличен сликар веќе го освои уметничкиот свет!

Станува збор за извонредно талентиран уметник кој ни доаѓа од соседите, поточно доаѓа од Атина, Грција.

26-годишниот муралист своите дела му ги претстави на светот преку својот Инстаграм профил, каде што на сите е познат како Луд51 (анг. Insane51) и воедно се смета за пионир во тридимензионалната уметност.

Својата уметничка кариерка ја започнал како уметник за графити, во 2007-та година и од тогаш не престанал да твори.

Но, неговата уметност не е обична улична уметност. Користејќи специјални техники, овој млад креативец успеал да создаде 3Д уметност, при што со очите гледате една слика, со црвениот дел од очилата друга, а пак со синиот, сосема трет портрет.

Навистина лудо, зарем не? Еве како изгледа тоа:

 

А еве го процесот на создавање на овие извонредни мурали, кои изгледаат како да дошле од друг свет: