Славната и неверојатно талентирана пејачка Адел успеа пријатно да ги изненади сите, особено нејзините фанови, откако при крајот на претходната година, видно ослабна, дури до непрепознатливост.

При слабеењето за краткиот временски врок, Адел успеа да намали дури 3 конфекциски броеви, а за првпат својата нова фигура јавно ја покажа за време на Божиќ, откако на Интернет се појавија нејзини фотографии, за време на една празнична прослава.

Во текот на изминатите денови, пејачката повторно изнеади, објавувајќи фотографии како се забавува на плажа. Сега таа открива како успеа да симне толку килограми, за краток период.

Тајната на ефикасното слабеење

Адел открива дека решила „да се поти, наместо да плаче“, по нејзиниот развод од сопругот Сајмон Конеки, кој се случи минатата година.

Пејачката по разводот, веднаш започнала со интензивен тренинг, но бидејќи не сака да вежба пред останатите, започнала со практикување на вежби дома. Започнала со полесни вежби, а потоа со помош на фитнес инструктори, го зголемила интензитетот на вежбите. Таа сега вежба секојдневно.

Нејзиниот напредок е и повеќе од забележителен, а пејачката споделува дека зголемената физичка активност невеоројатно го подобрила и нејзиното расположение, воедно таа сега се чувствува попривлечно од било кога.