Изгледа ни изгледа дека денешно време сè е измислено, сепак светот не престанува секојдневно да нè изненадува со разните генијални изуми.

Понекогаш дури остануваме без зборови од генијалните и необични идеи на луѓето, кои навистина функционираат и се ефикасни. Токму ваков е денешниот трик кој ви го претставуваме во продолжение.

Генијален трик за совршени цвеќиња во секоја сезона

Недостатокот на влага во почвата е најголемиот непријател на нашите собни цвеќиња, поради кои истите најчесто го губат нивниот прекрасен изглед. Но, без грижи.

Со овој едноставен трик ќе ставите крај на овој чест проблем. Станува збор за употреба на т.н хидрогел кој може да се најде во памперсот наменет за бебиња, а кој е доста корисен во градинарството.

Еве што е потребно да направите:

Исечете го памперсот и во еден сад, истиснете ги гранулите од истиот.

Потоа, гранулите измешајте ги со вода.

Ќе добиете желатинска смеса, како што е прикажано на фотографијата. Измешајте ја оваа смеса со почвата во соодност 1:1. Гелот од памперсот добро ја апсорбира водата и ја задржува долго време.

Ќе добиете чудесна основа за вашите цвеќиња, која секогаш ќе биде влажна, доколку од време на време ја полевате. Растенијата ќе примаат влага, колку што им е потребно, а нивниот корен нема да изгние и да се појави мувла.