На 13-ти јануари, 2015-та година, во соседна Бугарија се случи вистинско чудо. 60-годишната Галина Шубенина роди здраво девојче по име Клеопатра, која тежеше 2.8 килограми и беше висока 49 центиметри.

Неодамна, девојчето наполни 4 години. Лекарите ја предупредија возрасната мајка за овој вид на доцно зачнување, бидејќи постојат поголеми шанси бебето да се роди болно, но прогнозите беа сосема погрешни. Клеопатра се роди сосема здрава, а денес е едно паметно и многу активно девојче.

Нејзиното раѓање, уште од самиот почеток беше будно следено од тамошните медиуми. Галина признава дека таа и нејзиниот сопруг живееле спокојно, сè до еден ден кога не отишле да извадат документи и тогаш се открила вистината, при започнале да пристигнуваат бројни повици. Парот за бременоста немал кажано ниту на најблиското семејство.

Тие имале полнолетен син, кој за жал починал и од тој момент, родителите долго посакувале да имаат уште едно дете.

Сопружниците идејата за друго дете ја сфатиле многу сериозно и одговорно, при што ги поминале сите неопходни здравствени прегледи и и покрај лекарските прогнози дека бебето ќе има пречки во развојот, девојчето се родило сосема нормално и здраво.

Клеопатра е денес неверојатно паметно и неодоливо слатко девојче, кое сите околу себе ги изненадува со нејзината интелигенција, а според наставниците, таа е и многу напредна во однос на нејзините соученици.