Крема за третман на проширени вени можете да направите и со природни состојки. Оваа крема можете без проблем да ја приготвите во вашиот дом, без да фрлате пари на скапи препарати. Мелемот се прави според специјален рецепт.

Потребни ви се: 100 гр смола од бор (може и смрека), 150 мл маслиново масло, 3 лажици мед, 100 гр пчелин восок, и 2 гр прополис. Пчелин восок, смола и маслиновото масло се мешаат и загреваат на пареа околу 10 минути.

Потоа се додава и медот, и се вари смесата уште 10-тина минути. На крајот се додава прополис и се чека уште 10 мин. Потоа тргнете ја смесата од ринглата. Почекајте да се олади добро и потоа префрлете во стаклен сад. Потребно е да ја држите кремата на ладно место. Таа се мачка директно на проширените вени.

Третманот се прави навечер пред спиење. Оставете да впие добро во текот на целата вечер. Наутро исплакнете прв пат со топла вода, а вториот пат со ладна вода.