Доколку и вие веќе подолго време се обидувате да ја отстраните грубата кожа, калусите и пукнатините од стапалата, тогаш за денес, за вас имаме супер лесен домашен рецепт!

Како и што најверојатно самите веќе занете, евтините козметички производи, во повеќето случаи немаат никаков ефект, додека пак оние со природни состојки знаат да чинат богатство.

Токму за таа цел, за денес ви го подготвивме идеалниот домашен рецепт, кој ја ефикасно делува и ја прави кожата мека и беспрекорна, а притоа рецепт и со природни состојки и без да мора да го жртвувате домашниот буџет.

Грубата кожа е често резултат на габични инфекции, недостаток на хранливи вредности во организамот, може да станува збор за некој вид на нарушување на еднокриниот систем или пак едноставно, резултат на редовното носење неудобни обувки.

Во продолжение следува домашен рецепт, кој ќе ви помогне да се ослободите токму од грубата, здебелена и пожолтена кожа на стапалата и нивниот непријатен изглед.

Крема за испукани пети

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица масло за готвење
  • 1 кафена лажица сок од лимон

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно додека не добиете мазна текстура.

Начин на употреба

Нанесете ја добиената паста при врвот на засегнатите места и завиткајте или покријте ги истите со најлонско ќесе. Оставете ја смесата да дејствува 20-30 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

По третманот, не заборавајте да нанесете од вашата омилена навлажнувачка крема и за кратко, вашите стапала ќе бидат неверојатно меки, мазни и со значително подобрен изглед.

Се препорачува третманот да се практикува 3 пати неделно и кожата ќе ви стане забележително помека. За да ги добиете најдобрите резултати, практикувајте го третманот во период од 1 месец.

Истовремено, пред да ја нанесете домашната крема, со пемза поминете на засегнатите зони, оставете ја кожата да одмори 5 минути, а потоа започнете со третманот.