Од подготвувањето костими за Денот на шегата до готвењето ручек за сите наши пријатели, нашите мајки секогаш се трудат да ни овозможат сè и никогаш не претстануваат да нè изненадат!

Нивната генијалност нема граници и секогаш успеваат да пронајдат решение за буквално секој проблем и секоја ситуација.

Не е важно колку години имаме, ние секогаш ќе бидеме деца во очите на нашите мајки и ќе се трудат да ни помогнат, па дури и ако имаме 30 години.

Во чест на незаменливите мајки, денес споделуваме 20 моќни и срцезатоплувачки фотографии при кои мајките биле фотографирани во нивното вистинско издание: Емотивни, храбри и силни!

1. По породувањето, мајката се смее хистерично на сопругот кој се онесвестил откако за првпат го здогледал нивното новороденче

2. „Малата јас точно знаела како се цени една мајка!“

На прашањето на тестот „Мојата мајка работеше напорно. Таа заслужува…“, девојчето одговорило: „Затоплен хот-дог во микробранова“.

3. Горда мајка со нејзиниот дипломиран син

4. „Мајка ми ми го подари својот бубрег пред 2 години. Сè што можам јас да подарам за возврат се букет цвеќиња“

5. Генијална самохрана мајка се облекла како татко, за да нејзиното дете може да го прослави училишниот ден „Крофни со тато“

6. Таа има 3 ќерки и пишува по 5 реченици до секоја од нив, секојдневно. Тоа ќе им биде свадбен подарок на девојките кога ќе се омажат

7. Мајката се придружила во играта на имитирање  и притоа докажува дека не мора да си дете, за да знаеш како да се забавуваш

8. Бездомна мајка ја подготвува својата ќерка за училиште

9. „Мајката на мојата пријателка им направи на моите желки мали џемпери за да им биде топло“

10. „Колешка ни рече дека нејзината мајка подготвила храна за сите нас на работа. Прифативме со задоволство“

11. Најдобриот маскенбал е оној на кој твојата мајка ќе одлучи да ти се придружи

12. „Им кажав на моите дека сум настината. Еден час подоцна мајка ми се појаваи на врата со сето ова. Имам 30 години“

13. „Професорка сум во Канада, а мојата мајка ми го направи овој шал за да секогаш ми биде топло“

14. Ќерка ја изненади својата мајка со порано пристигнување од својата воена мисија. Реакциите на мајката се бесценети

15. „Вечера мајка ми за првпат можеше да трча, по нападите на Бостонскиот маратон. Премногу сум горда на неа“

16. „На шега и испратив на мајка ми картонска реплика од самиот себе. Изгледа премногу и се допадна идејата“

17. „Ова е една од моите омилени фотографии од мајка ми, иако таа не е во фокусот. Се надевам дека ќе ви се се допадне“

18. „Мајка ми се смее, откако спаси 40 деца од училиште кое го зафати пожар“

19. „Погледнете го ова џиновско ќебе што мајка ми го изработи“

20. „Вака мајка ми ме пречека на аеродромот, откако ме немаше видено неколку години. Ме натера вака да чекориме низ цел аеродром“

„Џои, јас сум! Твојата мајка, дали се сеќаваш?“ и „Тој е моето бебе“, било напишано на розевите големи листови хартија