Следните хороскопски знаци воопшто не си одговараат за да бидат во една успешна врска, а тоа се должи на нивната некомпатибилност во темпераментот и различните погледи кон животот.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Иако се вљубуваат едни во други за многу кратко време, сепак страста што ги споила заедно не трае долго и затоа набрзо започнуваат нивните љубовни маки!

Еве кои 5 хороскопски знаци воопшто не си одговараат на романтичен план:

1. Рак и Јарец

Сосема различни хороскопски знаци, кај кои може да се разгори и огнена љубов на почетокот, но за жал истата не трае долго време.

Раковите се многу добри во душа и даваат сè од себе за останатите, при што никогаш самите себе не се ставаат на прво место. За разлика од нив, Јарците обожаваат сето внимание да биде насочено кон нив. Двата хороскопски знака имаат толку спротиставени карактери, што многу брзо започнуваат нивните проблеми во врската. Раковите се трудат да ги задоволат каприциозните Јарци, а потоа сфаќаат дека тоа е невозможно. За овие два знака, врската е вистинска невозможна мисија!

2. Бик и Бик

Сите парови, при кои партнерите имаат исти хороскопски знаци, секогаш се соочуваат со проблеми, но ова е најнекомпатибилната двојка од сите! Биковите многу брзо се лутат и секогаш започнуваат да се расправаат, а кога од другата страна на дискусијата стои исто Бик, попрво таванот на куќата ќе се сруши, отколку едната страна да попушти. Исклучително инаетлив хороскопски знак, кој никогаш не отстапува прв од својот став и тие никогаш нема да го направат првиот чекор кон извинувањето. Претставниците на овој хороскопски знак сакаат да го добиваат целото внимание од партнерот и не толерираат доколку истиот започне да се труди помалку од претходно.

3. Овен и Лав

Невозможна љубовна комбинација, која може да се распадне од бројни причини. Овните се импулсивни луѓе, кои сè прават од бес и страст. Тие се кариеристи, нешто што воопшто не им се допаѓа на Лавовите, кои го претпочитаат домашниот и спокоен живот. Еден од основите проблеми во таквата врска е тоа што Овните се работохолици и имаат навика да ги запоставуваат партнерите поради истата, додека пак на Лавовите постојано им е потребно внимание, нежност и грижа. А кога тоа нема да го добијат, Лавовите брзо ги губат своите топли чувства и без многу размислување може да го остават партнерот и да започнат нова друга врска.

4. Стрелец и Вага

Навистина тешка љубовна комбинација, која започнува бурно, а згаснува без ниту тронка страст. На почетокот од врската, љубовта на Стрелците е многу посилна и со тоа брзо ги освојуваат Вагите. Разликата меѓу овие два хороскопски знака е во нивните амбиции и сонишатата за иднината. Кога човек е вљубен, ретко размислува за овие работи, но подоцна тоа прераснува во проблем. Стрелицте се амбициозни и сакаат многу од животот- кариера, живот во странство и вечна животна динамичност. Вагите од друга страна, сакаат да создадат семејство, да се сместат некаде и да живеат спокоен живот. Ниту еден од двата хороскопски знака не би се откажал од своите цели и желби, а со самото тоа, во еден момент станува буквално невозможно истите да останат заедно.

5. Скорпија и Водолија

Водолиите се романтични, а Скорпиите практични. Едниот хороскопски знак сака љубов, романтика, изненадувања, разговори до доцна во ноќта, а другиот знак воопшто нема намера да прави такви работи, бидејќи не ги смета за привлечни. Основниот проблем на овој хороскопски пар потекнува од нивната разлика во карактерите. Борбеноста на Водолиите и апатијата на Скорпиите во ниту еден случај не може да резултира со заеднички среќен крај. Единствениот начин оваа врска да успее е доколку Водолијата има „надмоќ“ над Скорпијата и ја да ја води врската. Тогаш работите би можеле и да успеат.