Вие брзате да се вратите дома и само сакате да одберете неколку јајца и млеко од супермаркетот, но тие лежат скриени некаде по страните на продавницата.

Сите барем еднаш сме се запрашале зошто се навидум толку хаотично уредени производите во големите супермаркети. Но, всушност, ништо не е хаотично, туку сето тоа е добро осмислен аранжман со единствена цел за зголемување на продажбата.

Во продолжение ви откриваме кои генијални трикови ги користат супермаркетите за да ја зголемат нивната продажаба:

1. Намерно збунување на клиентите

Дали некогаш сте се запрашале зошто артиклите што вообичаено се купуваат заедно не се поставени на полиците едни до други? Тоа е затоа што супермаркетите сакаат сами да ги побарате, шетајќи низ продавницата со надеж дека при разгледувањето, импулсивно ќе купите и многу други производи.

2. „Шармантни цени“ е вистинскиот трик

Секогаш кога ќе видите производ со цена од 199 или 399 денари, продавницата се обидува да ве натера да помислите дека цената е помала и дека заштедувате пари. Овој феномен е познат како „левоцифрен ефект“, за кој истражувањата покажуваат дека функционира неверојатно добро врз купувачите, токму како вистински шарм.

3. Скапите артикли се поставени на ниво на очите на купувачите

Продавниците поставуваат ги поставуваат скапите производи на ниво на очите на купувачите, правајќи ги истите лесно достапни за земање. И обратно, тие ги ставаат производите со пониска цена на потешко достапни места.

И, како и кај возрасните, производите за деца се ставаат на ниво на нивните очи. Значи, следниот пат кога ќе слушнете, „Мамо, го сакам ова!“, и се прашувате како вашето дете го пронајде производот без да забележите, сега ја знаете причината.

4. Количките за купување се огромни со причина

Истражувањата покажаа дека удвојувањето на големината на количката резултираше со зголемување на обемот на шопингот кај купувачите за 40%. Ова е причината зошто со текот на годините, нивната големина се зголемува.

5. Музиката влијае врз навиките во купувањето

Истражување објавено во списанието „Прокедија: Eкономија и финансии“ покажа дека пријатната музика во позадина ги зголемува шансите купувачот да потроши повеќе време и пари во продавницата. Супермаркетите исто така претпочитаат да манипулираат, пуштајќи музика со бавно темпо со цел да се чувствувате порелаксирано и полека да се движите. Истражувањата откриле дека движењето со побавно темпо ги натерало клиентите да купат многу повеќе од планираното.

6. Поставување на млечните производи и јајца далеку од влезот

Млечни производи и јајца се 2 од најпопуларните категории на производи и секогаш се наоѓаат далеку од влезот на продавницата. Ова е затоа што тргоците сакаат да прошетате покрај сите останати производи, и така можеби и да ги купите, додека да стасате до планираното.

7. Играње со нашите сетила

Мирисот на свежи печива и други вкусни прехранбени производи ве тераат да се чувствувате гладни. Ова ве предизвикува да купувате повеќе храна отколку што сте планирале. Исто така, свежото овошје и зеленчук обично се чуваат во близина на влезот. Нивните живописни бои во комбинација со мирисот нè принудуваат импулсивно да купуваме.

8. Тесни патеки

Супермаркетите се огромни, па зошто тогаш патеките се толку тесни, при што е речиси невозможно 2 шопинг колички да се движат една од друга? Тоа е затоа ваквиот дизајн на патеките е намерно создаден за да го забави темпото на одење на купувачите, така што ќе завршите со импулсивно купување на повеќе работи.

9. Поставување помали подни плочки во деловите со скапи прозводи

Помалите плочки ги прават тркалата на количката да прават погласен звук, при што потсвесно ги принудува купувачите да забават. И, како што веќе научивме, побавното темпо на одење значи купување на повеќе прозиводи!