Кога температурите ќе паднат и ќе настапи зимската сезона, речиси повеќето од нас ги зачестуваат своите посети во аптеките, барајќи средство за зајакнување на имунитетот.

Денес ви откриваме рецепт за природен и домашен лек, кој ефикасно штити и се бори против вообичаените настинки и грип, а испитано средство кое притоа ќе го направи вашиот имунитет челичен.

Средството уште се нарекува „златно чудо“, а еве како истото да го приготвите.

Златно чудо со мед и куркума

Потребни состојки

  • 100 гр свежо алое вера, однапред исчистено и сомелено
  • 200 гр мед
  • 1 супена лажица куркума
  • Малку мелен црн пипер
  • Сок од 1 исецеден лимон
  • 30 гр корен од ѓумбир
  • Рендан лук

Начин на подготовка

Алоето се прочистува и истото е потребно да се сомеле, а потоа кон него додадете го медот и останатите состојки. Сите состојки добро се мешаат, а потоа добиената смеса се складира во стаклена тегла, а потоа и во ладилник.

Се препорачува да се консумираат по 3 лажици дневно од оваа златна смеса.

Златното чудо може да го користите во текот на целата сезона на настинки и грип, за да го заштитите вашето здравје.