Можеби сега е тешко да се поверува, но „Викторија Сикрет“ всушност е создадена за мажи. Ова е само еден пример за тоа колку е тенка границата помеѓу производите за двата пола.

Ние направивме нови откритија за вас и би сакале да споделиме кои женски производи, всушност, најпрво биле наменети за мажи.

1. Влошки за еднократна употреба

Менструалните влошки за еднократна употреба биле создадени од Бенџамин Френклин. Главната цел била да го спречат крварењата на ранетите војници, а подоцна, медицинските сестри почнале да ги користат како менструални влошки, бидејќи тие биле апсорбирачки и лесни за употреба.

2. Високи потпетици

Историјата на високите потпетици може да се проследи до Персија во петнаесеттиот век. Всушност, војниците ги носеле за полесно да може да се качат на седлото на коњите. Подоцна, персиските мигранти ги донеле високите потпетици во Европа и машките аристократи ги носеле за да изгледаат повисоки.

3. Јога

Се верува дека јогата има корени од брамините, каста во Индија во која припаѓале само мажи. Тие биле познати како „луѓе што учат“. Потоа јогата била донесена на запад од мажи и полека станала популарна кај жените.

4. Кратки маички

„Топчињата“ се многу популарно парче облека кај жените во денешно време. И покрај ова, маичката првично била создадена од мажи, за мажи, како дел од машката мода, години пред жените да почнат да ги носат. Бодибилдерите често го сечат дното на своите маички, бидејќи немаат право да тренираат без облека.

5. Танга

Во старите времиња, тангите ги носеле мажите, а тие служеле да се покријат само интимните делови на телото. Подоцна, на почетокот на деветнаесеттиот век, некои африкански племиња исто така почнале да ги користат.

6. Чанта

Првичната цел на чантата била да служи како мала торба за пари. Таквите чанти биле популарни кај мажите поради нивната функционалност. Со текот на времето, жените почнале да ги носат овие торбички се` повеќе и тоа станало дел од модата.

7. Хулахопки

Првично, хулахопките и чорапите ги носеле мажи и биле наречени „црево“. Европските мажи ги носеле додека јавале коњи.

8. Продавница на Викторија Сикрет

Еден дечко по име Рејмонд еднаш се почуствувал непријатно додека купувал долна облека за неговата сопруга. Ова патување го инспирирало да создаде место каде што мажите ќе се чувствуваат опуштено додека пазарат женска долна облека. Така, иако има женска долна облека, продавницата е наменета за да мажите се чуствуваат поудобно.