Некои настани оставаат толку длабокa трага во историјата и културата што стануваат обележувачи на ерата. Некои од нив мислиме дека се случиле многу оддамна, а други не. Но, ако ги погледнете од друг агол и ги споредите едни со други, ќе откриете некои факти што ќе ја променат вашата перцепција за времето.

Сакаме да учиме нови работи, особено кога станува збор за феномени за кои знаеме долго време.

Последната книга  Хари Потер беше објавена истата година кога за прв пат се појави iPhone.

Во 2007 година, фановите на младиот волшебник ја чекаа последната книга во серијата. Истата година, Стив Џобс го претстави првиот iPhone на светот.

Имало само 58 години помеѓу првиот лет со авион и првиот лет во вселената.

Во 1903 година, Браќата Рајт го направија првиот лет со авион со мотор. Но, помалку од 60 години подоцна, беше лансиран првиот вселенски брод управуван од Јуриј Гагарин.

Постои 35-годишен јаз помеѓу создавањето на интернет и пронаоѓањето на Фејсбук.

Во 1969 година, научниците ја создадоа мрежата АРПАНЕТ која функционираше на начин како што работи модерниот интернет. И само 35 години подоцна, Марк Закерберг ја основа најголемата мрежа за социјални медиуми во светот.

Поминаа 114 години од моментот кога беше прикажан првиот филм до објавувањето на филмот „Аватар“.

Познатиот филм на браќата Лумиер беше прикажан на светот во 1895 година, и остави огромен впечаток кај сите што го видоа. 114 години подоцна, Џејмс Камерон му го прикажа на светот „Аватар“ и тој стана филм со најголема заработка во тоа време.

Универзитетот Оксфорд е основан пред Ацтечката империја.

Точниот датум кога е основан еден од најстарите универзитети во светот е непознат. Но, беше откриено дека има студенти кои се школувале на Оксфорд во 1096 година. Ацтеките ја основале својата империја на територијата на модерно Мексико 332 години подоцна, во 1428 година.

Прво бил создаден возот, а потоа и велосипедот.

Првата локомотива е создадена во 1802 година од Ричард Тревитик, а првиот велосипед, сличен на модерните, се појавил во 1885 година.

Ајфеловата кула и уметничката слика „Ѕвездената ноќ“ се направени истата година.

Ајфеловата кула е изградена во 1889 година. Дизајнирана е како привремена конструкција. Никој не можел ни да замисли дека ќе стане еден од најпознатите симболи во светот.

Истата година, Винсент ван Гог ја насликал една од најпознатите слики во светот.

Кристофер Ли е роден во времето на Отоманската империја.

Познатиот британски актер, Кристофер Ли, познат по улогата на Саруман, е роден на 27 мај 1922 година. Кога се родил, Отоманската империја се` уште постоела. Се распаднала 5 месеци подоцна.

Харвард веќе постоел кога никој не знаел ништо за Њутн и неговите закони.

Престижниот универзитет Харвард е една од најстарите академски институции во САД. Основан е на 8 септември 1636 година. Еден од најпознатите научници во светот, Исак Њутн, е роден 6 години по основањето на универзитетот.

Чарли Чаплин и Еминем се современи уметници.

Маршал Брус Матерс III, познат и како Еминем, е роден во 1972. Истата година, еден од најпознатите актери на сите времиња, Чарли Чаплин, го добил својат втор Оскар.