Некои навидум безопасни секојдневни активности може да имаат негативни долгорочни несакани ефекти за нашата кожа. На пример, консумирањето црвено месо честопати може да го забрза процесот на стареење.

Прескокнувањето на кремата за сончање пак, кога сте во затворено, може да доведе до пигментација и постар изглед на кожата. Во продолжение прочитајте кои 8 навики, кои повеќето од нас ги правиме секојдневно, може всушност да го саботираат нашиот труд кожата да изгледа убаво и помладо.

1. Гума за џвакање

Многумина кои често употребуваат гуми за џвакање имаат брчки околу устата, а лекарите веруваат дека гумите за џвакање се одговорни за ова. Кога џвакаме, може да претераме со активирање на мускулите, а тоа може да доведе до создавање фини линии и брчки околу устата.

2. Трчање

Кога вежбаат, спортистите согоруваат маснотии под слоевите на кожата. Губењето на масното ткиво може да ги направи нивните брчки подлабоки. Покрај тоа, многу луѓе кои во трчање минуваат долги часови на отворено без соодветна заштита од сонце, ја изложуваат кожата на ризик од оштетување. Ако трчате на отворено, подобро е да користите водоотпорна крема за сончање, бидејќи потта побрзо го намалува нивото на заштита на кремата за сончање.

3. Предолго гледање во вашиот паметен телефон

Користењето мобилен телефон може да ве направи да изгледате постаро. Медицинските експерти се сомневаат дека континуираното свртување на погледот кон телефонот може да доведе до создавање повеќе линии на вратот што инаку не би ги развиле.

4. Не носење на очила за сонце

Не носењето очила за сонце ве изложува на сончевите зраци и обидот да гледате што подобро на таква изложеност на светлина, без заштита т.е притискајќи и затворајќи го едното или другото око, придонесува да создадете длабоки брчки околу очите.

5. Пиење преку цевче

Пиењето кафе или чај преку цевче може да спречи да добиете дамки на забите, но може да предизвика формирање на линии околу усните. Иако нема значително да ги промени усните, луѓето кои се склони кон формирање брчки на усните, треба да избегнуваат често да користат цевчиња. Повторливото движење на мускулите го распаѓа колагенот околу устата, што доведува до повеќе брчки.

6. Спиење на страна

Некои пози на спиење можат да предизвикаат вашата кожа да формира брчки. Ако спиете на страна или на стомак, лицето се притиска во перницата, предизвикувајќи кожата да се свитка. Најдобар начин да ги избегнете „брчките од спиење“ е да спиете на грб.

7. Носење маска за спиење

Кожата околу вашите очи е многу деликатна и склона кон оштетување. Некои маски за спиење може да го трауматизираат овој дел и да предизвикаат воспаление, што на крајот може да предизвика брчки. Ако носите маска за спиење во кревет, проверете дали е лабава и не ја влече или истегнува кожата.

8. Носење контактни леќи

Кога ставаме контактни леќи, често ги креваме веѓите. Ова повторувачко движење предизвикува брчки на кожата на нашето чело. За разлика од очилата, контактните леќи не ја штитат кожата околу очите од УВ зраци, што на крајот доведува до брчки и истенчување на кожата.