Негувањето на надоврешниот изглед бара многу трпение и конзистенција, а козметичките производи неретко чинат вистинско богатство. Токму за оваа цел денес ви откруваме неколку извонредни трикови како на евтин, но супер ефикасен начин да го подобрите вашиот надворешен изглед!

1. Направете ги вашите трепки да изгледаат долги и густи

Еден од најдобрите начини за потхранување на трепките вклучува употреба на домашна маслена смеса. Измешајте еднакви количества на рицинусово, бадемово, сусамово и масло од чичок, притоа додадете и витамин Е. Добиената смеса нанесете ја врз вашите суви трепки и оставете ја да дејствува во текот на ноќта. Продолжете да го практикувате третманот 2 недели и ќе добиете неверојатен ревитализирачки ефект.

2. Ослободете се од кршливата коса и расцветаните врвови

Следната домашна маска се смета за едно од најдобрите домашни средства за кршлива коса. Изматете една жолчка со половина шолја кисело млеко. Следно додадете 1 супена лажица рицинусово масло, а потоа и 1 супена лажица кокосово масло и 1 супена лажица масло од авокадо или јојоба. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а добиената смеса нанесете ја врз мокра коса и одозгора поставете капа за туширање. Оставете ја маската да дејствува 1 час, а потоа добро измијте ја вашата коса.

3. Избелете ги вашите заби

Истолчете неколку таблети активен јаглен, а со добиениот прав измијте ги вашите заби. Совет: За овој домашен третман неопходно е да купите одделна четка за заби.

4. Ослободете се од темните кругови под вашите очи

Потопете 2 памучни туфери во чаша со студено млеко, а потоа истите поставете ги точно под вашите очи. Ова навистина функционира!

5. Добијте здрава и блескава кожа

Комбинацијата од шеќер и домат прави еден неверојатен пилинг за лице. Истиот ефикасно ќе ги острани мртвите клетки од кожата и ќе добиете здрав сјај. Исечете го доматот на парчиња и врз истиот нанесете малку шеќер. Со нежно триење, поминете со доматот преку вашата кожа, а потоа оставете го да дејствува 10 минути и измијте со вода. Повторувајте го третманот 3-4 пати неделно.