Сите сме склони да веруваме во одредени работи, кои порано се сметале за вистина, а кои денес науката и модерното време преку бројни истражувања ги докажа како митови.

Покрај научниот напредок во медицината и бројните експертски мислења, многу жени ширум светот сè уште продолжуваат да веруваат во некои широко распространети митови за менструалниот циклус.

Денес ви откриваме кои се тие 7 митови и која е вистината зад истите:

Мит бр.1: Редовната менструација секој месец, означува плодност

Редовната менструација е чудесен индикатор за плодност, но плодноста кај жената е многу повеќе од тоа. За да жената е плодна, потребно е истата да има здрави јајце-клетки, матка и фалопиеви туби. За жал, тоа што имате редовна менструација секој месец, не мора да значи дека може да забремените, кога и да посакате.

Мит бр.2: Не може да се забремени за време на менструација

Овој мит е до половина точен, но при незаштитен однос, здравите сперматозоиди може да останат во вашиот репродуктивен систем, во продолжение на циклусот и да создадат услови за бременост. Исто така, не секое вагинално крварење е менструално. Некои жени добиваат минимално крварење кога се близу до овулација.

Мит бр.3: Не треба да се пропушта ниту еден менструален циклус

Доколку примате контрацептивни пилули, вашиот менструален циклус може некогаш да го прескокне неговото доаѓање, поради хормоните, кои влијаат на лигавицата на матката. Доколку не примате контрацептивни пилули и вашата менструација веќе го прескокнала својот распоред за месец и повеќе, тогаш неопходно е да се консултирате со гинеколог.

Мит бр.4: Не треба да спортувате или пливате за време на менструација

Во минатото се сметаше дека жените за време на нивниот менструален циклус треба да одмараат и дека секоја физичка активност може да го зголеми крварењето и самите болки. Експертите тврдат дека всушност вежбањето и физичката активност за време на менструацијата можат да помогнат во ублажување на менструалните болки и да го намалат апетит, кој во тој период има тенденција да се зголеми.

Мит бр.5: Предменструалниот синдром е лага

Всушност лага е ова тврдење. Предменструалниот синдром е реален и се појавува поради хормоните, кои се лачат во периодот по овулацијата. Тие хормоните доведуваат до замор, промени во расположението, болка во градите, зашеметеност и подуеност на стомакот.

Мит бр.6: Тампонот може да се „изгуби“ внатре во вагината

Овој мит се заснова на високиот степен на непознавање на анатомијата на човекото тело и самата вагина. Грлото на матката го спречува тампонот да навлезе подлабоко, при што доколку дојде до некаква несреќна околност, можете истиот сами да го извадите со прстите.

Мит бр.7: Страшната и неподнослива менстраулана болка е нормална

Менструалната болка од овој вид е болка која ве парализира и ве спречува да станете од креветот, при што ви пречи да ги извршувате вашите секојдневни обврски. Се смета дека болкат за време на менструалниот циклус е нормална, но претераната болна менструација е индикатор за друг проблем. Затоа доколку често се соочувате со неподносливи болки за време на циклусот, консултирајте се со вашиот гинеколог.