Речиси и да не постои орган во човечкото тело за кој може да се каже дека не е важен, но панкреасот е еден од најважните органи, поради неговото активно учество во дигестивниот систем.

Неговата основна задача е да помага во процесот на синтезата на инсулин (и контролата на шеќерот во крвта), да произведува дигестивни ензими и да ја поттикнува дигестијата на јагледхидратите, протеините итн.

За негување и одржување на здравјето на овој исклучително важен организам, од голема важност е да обратиме внимание на нашиот начин на живот и исхрана.

За таа цел, во продолжение ви откриваме кои 6 видови на храна ја подобруваат функцијата на панкреасот:

1. Зелени лиснати зеленчуци

Овој вид на зеленчуци се особено корисни, поради нивната висока хранлива вредност. Додадете брокула, зелка и карфиол во вашето дневно мени, а нивната редовна консумација значително ќе го намали ризикот од тумор на панкреасот.

2. Куркума

Куркумата е состојка која природно дејствува како антивоспалително средство, кое помага во намалувањето на болката. Нејзината редовна консумација ја стимулира синтезата на инсулин од панкреасот, го регулира нивото на шеќер во крвта и ја спречува појавата на дијабетес.

3. Лимон

Киселата храна како лимоните ја подобруваат синтезата на дигестивните ензими во телото, така што го одржуваат здравјето на панкереасот.

4. Глуварче

Својствата на корените од глуварче се популарни при третманите за лекување на рак, а воедно се смета дека редовното консумирање на чај од глуварче, ги напаѓа агресивните канцерогени клетки при панкреасот и го подобрува целокупното негово здравје.

5. Лук

Лукот е супер храна и е една од најкорисните за здравјето на панкреасот, при што помага во регулирање на високото ниво на шеќери во крвта.

6. Кисело млеко

Секогаш избирајте природно кисело млеко, бидејќи истото е богат извор на пробиотици. Тие се корисни бактерии, кои помагаат во зајакнување на имунитетот и обновување на дигестивниот систем.