Храната е најдобриот начин како да решиме бројни здравствени проблеми, да го зајакнеме нашиот имунитет и општо да го подобриме нашето целокупно здравје. Кога станува збор за кожата, правилната исхрана е од клучна важност да имаме негуван и совршен изглед.

Токму за оваа цел денес ви откриваме кои 6 видови на храна дерматолозите не ги препорачуваат т.е треба да ги консумираме во помало и умерено количество, бидејќи секоја од нив штетно влијае врз кожата, а еве и како:

1. Нискокалорични бисквити и и нискокалоричен крцкав леб: Предизвикуваат предвремено стареење

Совет: Подобро изберете храна со ниско ниво на масти, отколку со помалку калории.

2. Шеќер и засладувачи: Ја прават кожата сува и предизвикуваат појава на брчки

Совет: Магдоносот, алгите и мисирката се најдобрите природни извори на колаген.

3. Кравјо млеко и млечни производи: Предизвикуваат акни и црвенило на кожата

Совет: Ако сте имале акни или воспаление на кожата, проверете дали сте алергични. Ако да, намалете го количеството на млечни производи и вклучете храна богата со јод во вашето дневно мени.

4. Зачинета храна: Капилари на ноздрите и очните капаци

Совет: Покрај тоа што е неопходно да избегнувате зачинета храна, подобрете го квалитетот на вашиот сон и обидете се со активност да го намалите нивото на стресот.

5. Сокови: Мрсна кожа

Совет: Консумирајте повеќе храна со хранливи влакна како полнозрнестиот леб и сувото овошје.

6. Огромно количество на животински протеини: Подуеност, намалена еластичност и лош тен

Совет:  Консумирајте повеќе краставици, авокадо и брокула.