Секој кој го пробал овој едноставен, а толку вкусен рецепт вели дека заборавил на купувањето готови јадења од рестораните за брза храна, бидејќи овој домашен специјалитет едноставно нема конкуренција! Еве како лесно може уште денес да ги израдувате вашите најблиски со неодоливото пилешко месо!

Пилешко месо со мед и пармезан

Секој кој го пробал овој едноставен, а толку вкусен рецепт вели дека заборавил на купувањето готови јадења од рестораните за брза храна, бидејќи овој домашен специјалитет едноставно нема конкуренција! Еве како лесно може уште денес да ги израдувате вашите најблиски со неодоливото пилешко месо!
Вкупно време1 час
Оброк: Главно јадење
Кујна: Американска
Клучни зборови: пилешко, пилешко месо
Порции: 4

Состојки

  • 2 пилешки гради
  • 1 супена лажица мед
  • Половина кафена лажица мелен црн пипер
  • 1 супена лажица сок од лимета
  • Половина кафена лажица мелен црвен пипер
  • 1 кафена лажица мајчина душица
  • 60 гр пармезан
  • 1 јајце
  • 60 гр чедар
  • 5 супени лажици лебни трошки
  • 130 гр брашно
  • 5 супени лажици зејтин
  • По вкус сол

Начин на подготовка

  • Пригответе го пилешкото филе. Изрендајте ги и двата вида на сирење. Добро измешајте ги медот, сокот од лимета, пармезанот, мајчината душица и мелениот црвен пипер. Покријте го месото со добиената смеса.
  • Потоа измешајте го брашното и мелениот црн пипер. Изматете го јајцето. Добро измешајте го чедарот со лебните трошки. Потопете го пилешкото месо во смесата со брашното, јајцето и сирењето. Оставете го да отстои 30 минути во ладилникот.
  • На крај, по половина час, испржете го пилешкото месо на вообичаениот начин, додека истото да добие златно-кафеава боја и од двете страни. Пријатен апетит!