Кога станува збор за мажите, кои изневеруваат, според љубовните експерти, најчесто нивните партнерки не ги забележуваат очигледните знаци кои се доволно предупредувачки.

Според експертите, секоја ненадејна и необична промена во однесувањето на партнерот може да биде знак за потенцијално изневерување, а овие 6 работи се најчестите кои се доказ за тоа:

1. Наеднаш, вашиот партнер мора да работи прекувремено за време на викенд или започнува да има работни патувања, што претходно не било случај или наеднаш ги троши парите на излегувања за кои вие не знаете премногу детали.

2. Доколку повеќе не ве забележува и многу поретко ви се јавува и ви пишува пораки од вообичаеното.

3. Наеднаш неговиот телефон е забранета зона? Добро размислете зошто е тоа така.

4. Ако вашата интуиција ви кажува дека партнерот сокрива нешто од вас, не го игнорирајте ова претчувство.

5. Вашиот партнер наеднаш започнува да води премногу сметка за неговиот изглед и однапред планира што ќе облече за наредниот ден.

6. Додека седите заедно, често е отсутен со мислите или наеднаш премногу ве опсипува со внимание и подароци, за да го одвлече вниманието.