Технологијата и разните алатки и апликации значително го олеснуваат нашето секојдневие и со истите денес најлесно може да се поврземе со пријателите и семејството кои се далеку од нас.

Но, современата технологија донесе проблеми во ова семејство во Перу. Парот живее во Лима и еден ден мажот решил преку Google Maps да провери како најбрзо може да стаса до неговото работно место.

Детално разгледувајќи ги улиците, на една од фотографиите тој забележал дека на една од клупите седи жена, а кога потоа воочил дека станува зобр за неговата сопруга.

Но, загрижувачкото било, што сопругата не била на клупата сама, туку со друг маж, кој го бакнувала и милувала. Проверјувајќи го датумот, мажот утврдил дека станува збор за фотографии направени во 2013-та година, пред 7 години, а тоа било точно 1 година по нивната свадба.

Откако разочараниот маж се соочил со неговата сопруга, на негово непријатно изненадување, таа признала дека и денес се уште се состанува со мажот од фотографијата.