Доколку чувствувате дека одредена личност во вашиот живот постојано ве исцрпува со нејзното присуство, тогаш време е да промените нешто.

Иако секој може да има лош период, некои луѓе се едноставно токсични и се склони го загорчување на туѓиот живот

Овие пет индикатори потврдуваат во вашиот живот имате токсична личност, од која треба да се ослободите:

1. Ви ја исцрпува енергијата

Дали се чувствувате депресивно и негативно откако се дружите со истата? Таквите луѓе можат сериозно да ве забават на патот кон успехот, па сериозно размислете да го минимизирате контакт со нив.

2. Ве исцрпува материјално

На токсичните луѓе постојано им треба нешто. Тие сакаат да позајмуваат облека, шминка, книги, чевли, па дури и пари, а кога ќе ги замолите да ви вратат назад, тие веднаш наоѓаат причина да се оправдаат и да не го сторат тоа.

3. Се однесува драматично

Тие живеат за драма и секој пат се обидуваат да озборуваат луѓе кои се поуспешни од нив. Не е потребно да ви објаснуваме колку тоа не е во ред, бидејќи и самите сте свесни дека не ви е потребна ваква негативна енергија.

4. Ја оправдувате пред другите

Луѓето околу вас веќе забележале колку лошо и негативно влијае оваа личност, дали вие  упорно продолжувате да ја оправдувате? Престанете да го правите ова обидете се да ја согледате реалноста.

5. И самите вие станувате полоша личност во нејзино присуство

По дружењето со токсичната личност, наскоро сфаќате дека и вие наеднаш станавте полоша, позавидлива и несигурна верзија за себе.

Доколку пронајдовте одредена личност од вашиот живот во овие знаци, тогаш ве охрабруваме да се обидете да ги прекинете сите контакти со истата т.е да се спасите и да започнете да обраќате внимание на луѓето кои навистина ви мислат добро.