Здравиот и квалитетен сон е од исклучиво голема важност за нашето здравје, како и за правилното функционирање на вашиот организам.

Покрај бројните смирувачки техники и методи, денес ви откриваме како на вкусен начин да го подобрите квалитетот на вашиот сон, со консумирањето на овие 5 видови на храна:

1. Пилешко месо и јаткасти плодови

Пилешкото месо содржи високо количество на триптофан, кои го зголемуваат нивото на серотонин. Овој вид на храна ќе му помогне на вашето тело да произведува повеќе мелатонин- хормонот одговорен за сонот. Дури добар извор на храна за максимално релаксирање се јаткастите плодови, сирењето и јајцата.

2. Цреши

Со консумирањето на цреши, исто така добивате големо количество на мелатонин. Покрај во свежа форма, може овошјете да го пиете и како сок.

3. Банани и лиснати зеленчуци

Видовите на храна кои се богати со магнезиум и калиум им помагаат на мускулите да се опуштат, бидејќи повеќето луѓе со нарушен сон, всушност страдаат и од нервозни нозе и мускули. Идеален извор на магнезум се јаткастите плодови и темнозелените лиснати зеленчуци. Богати пак со калиум се бананите, компирите, праските и млекото.

4. Пребиотици

Според различни истражувања, пребиотиците, кои може да се пронајдат во храната како наут, артичока и праз, ги потхрануваат добрите бактерии во дигестивниот систем и на овој начин влијаат за подобрување на сонот.

5. Хранливи влакна

Видовите на храна како јаткастите плодови, леќата и шумското овошје, може значително да помогнат во зголемување на квалитетот на нашиот сон.